УХМР: Ноќва се очекува да наврнат над 50 литри на метар квадратен

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и источните делови каде локално се очекува да наврнат над 50 литри на метар квадратен. Во другите делови ќе има послаби и локални врнежи од дожд. 

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, од радарскиот центар во Тополчани добиени се радарски слики на кои се забележува дека во моментов врнежи со голем интензитет се забележуваат во делови на Полог и територијата западно од Скопје.

– Поради можноста од продолжена појава на поројни врнежи во овие делови на Република Македонија, а и пошироко во западните и источните делови на државата, предупредуваме на внимателност поради можна појава на брзо растење на водните нивоа на помалите реки и суводолиците, соопшти УХМР.

Извор: МИА