Нестабилна облачна маса има во овој момент има во Полошкиот регион и западната периферија на Скопската Котлина, потоа во Пелагонија, а најинтензивната маса во моментов се спушта од север накај Кумановскиот регион, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во текот на денешниот ден се очекува нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи да го зафати Куманово и регионот.
– Во текот на оваа работна седмица ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град, стои во метео предупредувањето на УХМР.
Дневната температура до петок ќе биде во опаѓање.
Никола Ивановски