Во текот на ноќта кон понеделник ќе започне брз продор на студена воздушна маса од север, проследен со засилен северен ветер и со значително опаѓање на температурата (за 6 до 8 степени), особено во северните делови од земјата.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен дожд особено во вторник.
Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен, а во вторник ќе засилува јужен ветер.
Утринските температури од почетокот на работната недела малку ќе се покачат.
Никола Ивановски

