Под влијание на влажен и студен бран утре времето ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во западните делови (над 20 l/m 2 ).
Дневната температура утре ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.
Во Куманово и околината утре ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Утринската температура ќе се движи околу шест степени, а дневниот максимум се очекува да се искачи до 12 степени целзиусови.
Од страна на УХМР за регионот на кумановско е издадено жолто метео предупредување за врнежи од дожд.
Следните денови ќе настапи благ пораст на температурите.
Никола Ивановски