УХМР најавува уште потопло време

Сподели со своите пријатели

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, продолжува периодот на сончево и многу топло време, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Како што додаваат оттаму, исклучок ќе биде  недела кога во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C.

Особено топло ќе биде од четврток до средината на следната седмица кога на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури, стои во соопштението.

Денеска низ Македонија ќе имаме сончево и многу топло време. Попладне претежно во западните и јужните делови ќе има појава на локален пороен дожд со грмежи и услови за краткотрајно невреме.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 40 степени.

УВ индексот ќе биде многу висок со коефициент 9.

Никола Ивановски

Loading...