УХМР најавува топлотен бран

Loading...
Сподели со своите пријатели

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ следува период на топло време со пораст на температурите, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Особено топло се очекува од среда до петок кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 40°C.

– Во петок попладне и во вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, а пад на температурата за неколку степени се очекува за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер, велат од УХМР.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ ново поскапување на горивата