Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, утре во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Loading...
Во понеделник се очекува на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни со услови за невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Во вторник ќе има услови за изолирана појава на нестабилност, а од среда ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура.
Никола Ивановски