УХМР најавува пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локално невреме

Сподели со своите пријатели

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во недела најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во понеделник претпадне, ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава нa грмежи.

Поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m²) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во западните делови од земјата.

Од вторник температурите ќе бидат во опаѓање, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Повеќе од јасно е дека Куманово сака да продолжам да го водам и натаму