УХМР најавува обилни врнежи од дожд и снег

Сподели со своите пријатели

Управата за хидрометеоролошки работи денеска излезе со најава дека утре, особено во утринските и претпладневните часови ќе има врнежи од дожд.

Loading...

Врнежите ќе бидат пообилни во источните делови каде локално ќе бидат проследени со грмежи и засилен ветер.

Поради заладувањето на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.

 

 

– Потоа до средината на следната седмица ќе има повремени врнежи од дожд и снег со променлив интензитет, пообилни во понеделник, велат од УХМР.

Снежната покривка, велат метеоролозите, особено во западните делови ќе се зголемува.

Loading...

 

 

Во Куманово и околината утре ќе имаме врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни поради што метео порталот accuweather, има издадено портокалово предупредување.

Ќе дува слаб до умерено засилен северозападен ветер, а температурата ќе се движи од еден степен во утринските часови до максимални осум во текот на денот.

 

Никола Ивановски

Loading...