УХМР најавува обилен дожд, ветер и грмежи

Сподели со своите пријатели

Под влијание на циклонска активност и серија влажни воздушни бранови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.

Loading...

Врнежите на места ќе бидат обилни и до петок се очекува да наврнат над 50 л/м2, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во четврток локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

До четврток ќе дува засилен, а повремено силен ветер (над 70 км/час) од јужен правец што ќе услови топло време за овој период од годината.

Во петок и за време на викендот се очекува значително заладување и врнежите од дожд постепено ќе преминуваат во снег и во пониските места.

Никола Ивановски