УХМР најавува нов влажен бран

Сподели со своите пријатели

Под влијание на циклонска активност утре и во понеделник претпладне времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои утре попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе бидат обилни (над 25 л/м2 за 24 часа).

Loading...

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, локално ќе биде нестабилно со поинтензивен пороен дожд и грмежи (се очекуваат и над 30 л/м2 воден талог за 12 часа), особено во југоисточните и источните делови од земјава.

Повремено ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час).

Поради заладување во понеделник на повисоките врвови на северозапад ќе врне снег.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец возел со 1,92 промили алкохол, полицијата го привела

Нов влажен бран се очекува во вторник кон крајот на денот и во среда претпладне.