УХМР најавува невреме. Температурите остануваат екстремно високи

Сподели со своите пријатели

До вторник ќе се задржи многу топло време со дневна температура наместа и над 40°C, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Утре во попладневните и вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

Локална појава на нестабилност ќе има и во првите два дена од следната седмица, кога ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец.

– Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, велат од УХМР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец додека палел кабли. Инспекцијата и полицијата остануваат на терен!

Никола Ивановски