УХМР најавува нестабилно време за празничниот викенд

Сподели со своите пријатели

Во петок под влијание на атмосферски фронт на повеќе места се очекуваат поројни врнежи од дожд.

Loading...

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со грмежи и со силен ветер (над 70 км/час).

Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето.

Од недела и во следните денови времето повторно ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а локално ќе бидат поројни, проследени со грмежи.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ќе стане ли кумановец градоначалник на Цирих?