УХМР најавува нестабилно време и обилни врнежи

Сподели со своите пријатели

Од денес попладне до недела, под влијание на циклонска активност, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и град. Во овој период на места ќе наврнат и над 40 л/м2.

Температурите ќе опаднат и ќе бидат под просекот за овој дел од годината.

Во случај на појава на електрични празнења, од УХМР препорачуваат, поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Граѓаните кои поседуваат легално оружје од сега ќе можат да набавуваат муниција директно во овластените правни субјекти