УХМР најавува локално невреме викендов

Сподели со своите пријатели

Под влијание на нестабилна воздушна маса во деновите од викендот времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Утре претежно во источните делови, а во недела и на југозападот, процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер и појава на град.

За Куманово и околината за утре се најавени слаби врнежи од дожд во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, а температурата ќе се движи од минимални 15 до максимални 27 степени целзиусови.

Никола Ивановски