Под влијание на влажен и студен бран денес и утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег.
Наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во јужните делови (каде локално ќе наврнат над 30 л/м2), информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
На планините ќе се формира нова снежна покривка од 15 до 25 см, а на повисоките места од 10 до 15 см.
Долж Повардарието ќе врне дожд, освен во повисоките делови од котлините каде врнежите ќе бидат од снег.
Локално ќе има појава на голомразица.
Ќе дува засилен северен ветер (и над 60 km/h).
Од недела времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура и со пораст на дневната, освен по одделни котлини каде ќе има појава на магла и ќе се задржи студено преку целиот ден.
Никола Ивановски