Попладнево најпрвин во западните, а во текот на ноќва и во останатите делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, каде што ќе се формира нова снежна покривка.
Loading...
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, наместа врнежите ќе бидат со пообилен карактер (локално над 20 л/м 2 ).
Од утре попладне врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места со послаб интензитет.
Утре и во среда ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.
Во среда и четврток ќе преовладува променливо облачно и студено време со повремени слаби локални врнежи претежно од снег.
Никола Ивановски