Според најавите на УХМР, утре ќе биде претежно облачно со локален дожд, особено во западните делови, а дневната температура на воздухот ќе опадне за околу 6 степени.
Во петок ќе има преодно стабилизирање, а во сабота ќе има повремени врнежи од дожд.
Потоа во наредните денови ќе преовладува стабилно и релативно топло време.
Денес се очекува умерено облачно време со подолги сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 22 степени.