Времето денеска во Куманово и околината ќе биде сончево до умерено облачно со услови за дожд и грмотевици во попладневните часови.
Максималната дневна температура во кумановско денеска ќе достигне 30 степени.
Под влијание на продор на атмосферски фронт, утре ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе местасо пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења и појава на град.
Температурата, особено на северот, осетно ќе се намали.
Во Куманово и околината утре ќе биде претежно облачно и со драстично пониска температура. Ќе иа и врнежи и грмежи, а максималната дневна температура ќе се искачи само до 23 степени, што е за осум степени постудено време од денеска.
Недела носи мало подобрување на метео мапата. И тука ќе има услови за врнежи и грмежи во попладневните часови, но претпладне ќе биде сончево до умерено облачно. Дневниот максимум ќе достигне 25 степени целзиусови.
Почетокот на новата работна недела носи повторен раст на температурите и топло летно време.
Никола Ивановски