УХМР: До петок услови за невреме со пороен дожд, грмежи и град

Сподели со своите пријатели

До петок ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Дневната температура ќе биде во опаѓање.

Постепено стабилизирање на времето ќе има од сабота.

Од УХМР препорачуваат во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицкоски ќе присуствува на инагурациjата на Трамп

Никола Ивановски