Угостители во Куманово казнети за нарушување на јавен ред и мир

Сподели со своите пријатели

Угостителски објекти во Куманово биле казнети викендов поради регистрирано нарушување на јавен ред и мир.

Loading...

– Врз основа на претходно изготвен план, на 12/13.07.2025, полициски службеници од СВР Куманово извршија контрола на четири угостителски објекти на подрачјето на СВР Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат, при контролата, извршено е легитимирање на 36 лица, а било извршено и фонометриско мерење.

– Било констатирано нарушување на јавниот ред и мир по член 8 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. При контролата биле издадени 8 записници за констатирани прекршоци, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пожари денеска на две локации во Куманово и Липково

Никола Ивановски