УЕФА подготвува промени во Лигата на шампионите

Сподели со своите пријатели

Европската фудбалска асоцијација најави промени на форматот на Лигата на шампионите почнувајќи од сезоната 2024/25.

Loading...

Според „Телеграф“, бројот на учесници во групната фаза може да се зголеми на 36. Во моментов играат 32 екипи поделени во 8 групи по 4 екипи.

Се разгледуваат неколку опции за зголемување на бројот на учесници. Првиот е да се направат шест групи со по шест екипи, а вториот е дека секоја екипа да одигра 10 натпревари со десет различни противници.

Исто така, наместо класична завршница со по два натпревара (дома-гости) се до финалниот меч, во опција е воведување завршен турнир – „фајнал фор“ по примерот на кошаркарската Евролига.

Зоран Стерјовски

Leave a Reply