УЕФА ОДБИ: Минхен сакаше стадионот да го обои во боите на виножитото поради правата на ЛГБТ популацијата

Сподели со своите пријатели

Европската фудбалска унија (УЕФА) денеска го одби барањето на градот Минхен Алијанц арената да биде осветлена со бои на виножито за натпреварот помеѓу Германија и Унгарија на Европското првенство.

Loading...

УЕФА изјави дека ја разбираат намерата зад тој предлог, но дека мораат да го одбијат барањето поради неговиот политички контекст.

„УЕФА е политички и религиозно неутрална организација. Со оглед на политичкиот контекст на ова барање – порака насочена кон одлуката донесена од унгарскиот парламент – УЕФА мораше да го одбие ова барање”, се вели во соопштението.

Градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер, побара стадионот да биде осветлен со бои на виножито во знак на протест против законот усвоен од унгарските законодавци минатата недела со кој се забранува „промовирање“ на хомосексуалноста и промена на полот кај малолетници.

Натпреварот Германија – Унгарија е закажан за утре од 21.00 часот.

 

НАЈУБАВИTE ФУДБАЛЕРИ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО! Жените гледаат натпревари поради нив (ФОТО)

Leave a Reply