УЕФА: Нема да ја менуваме локацијата за финалето на ЛШ

Сподели со своите пријатели

УЕФА не размислува за промена на местото на овогодинешното финале во Лигата на шампионите, чиј домаќин е руски Санкт Петербург, поради влошената политичка ситуација и ситуацијата во источна Украина.

Loading...

Акцијата на рускиот претседател Владимир Путин, кој потпиша указ за признавање на независноста на проруските самопрогласени републики Луганск и Доњецк во источна Украина, веќе ги предизвика првите реакции на полето на спортот.

Веќе имаше повици УЕФА да и го одземе статусот на Русија домаќин на финалето од Лигата на шампионите поради случувањата во Украина.

Домаќин на престижниот натпревар ќе биде Ст. Петербург каде финалето се игра на 28 мај.

УЕФА денеска уште еднаш истакна дека не планира никакви промени во спроведувањето на натпреварувањето, но будно ги следи случувањата.