Александар Чеферин, претседателот на УЕФА, најави враќање на навивачите на стадионите, но со услов да бидат пополнети максимум 30 отсто од капацитетот на стадионот.
Извршниот одбор на УЕФА одлучи да дозволи делумно враќање на навивачите на стадионите за сите свои натпреварувања за следната сезона.
– Денешната одлука е разумен прв чекор што го става здравјето на навивачите на прво место. Дури 27 земји веќе дозволија делумно враќање на трибините и во оваа прилика ги повикуваме да постапуваат одговорно, рече претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.
Предуслов за враќање на навивачите ќе биде дозволата на локалните власти, а присуството ќе биде дозволено само на домашните навивачи.
Да потсетиме, успешна „проба“ беше финалето на Суперкупот помеѓу Баерн и Севилја, каде навивачите беа на трибините.