Жител на Струмица вчера во обид да избега на полицијата, удрил во ограда на семеен дом во Куманово, а притоа во возилото му биле откриени триесетина мигранти.
– На 03.09.2020 во 21.20 часот на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во нас.Ајдучка Чешма во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово дале знак за запирање на товарно моторно „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало и продолжило со поголема брзина да се движи населбата Ајдучка Чешма и населбата Перо Чичо, велат од кумановската полиција.
Потоа, струмичанецот удрил во ограда на една од куќите и возачот го напуштил местото.
– Набргу потоа возачот М.Р.(28) од село Баница, струмичко, бил фатен и лишен од слобода. При преглед во возилото биле пронајдени 34 мигранти од Авганистан, Пакистан и Бангладеш, кои биле спроведени во Транзитен центар Табановце, појаснуваат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
По целосно расчистување и документирање на случајот против М.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски