Најголемата онлајн видео платформа во светот објави дека работи на намалување на количината на содржина што ги промовираат теориите на заговор, особено оние што се занимаваат со врската на 5G технологија и коронавирусот.
Ситуации, како што е сегашната епидемија на коронавирусот, се многу плодна основа за ширење на вакви неосновани и невистинити приказни, кои често доаѓаат од целосна лаичност и се полни со дезинформации и шпекулации.
Airbnb обезбеди уште милијарда долари во борба против вирусот
Ова е причината поради која Јутуб најави комплетно отстранување на ваквите содржини, при што приоритет се дава на теориите кои ја поврзуваат 5G технологијата и пандемија на коронавирусот, пишува The Verge.
Според Јутуб, снимките што се занимаваат само со 5G технологија нема да бидат отстранети, но сепак ќе бидат категоризирани како „гранична содржина“.
Гугл ќе го следи движењето на телефоните со цел почитување на самоизолацијата
Една од причините за преземање на ваква мерка е случајот со палење на неколку 5G кули во Велика Британија во последните неколку дена, за што се верува дека е главната причина за поврзувањето на 5G технологијата со пандемијата на вирусот од страна на голем број „теоретичари на заговор“.
Вистината за тоа дали 5G мрежата го предизвика коронавирусот (ВИДЕО)