Училиштата од руралните средини од кумановско имаат несоодветен пристап до тоалети

Сподели со своите пријатели

Претставници од „Новинари за човекови права“ и претставници Институтот зa јaвно здравје, денеска ги посетија училиштата во кумановските села Студена Бара и Пчиња за да увидат дали учениците имаат пристап до вода и санитација.

Оценката е дека во Студена Бара деветте ученици имаат пристап до вода, но не и до тоалет, кој е сместен надвор од училишниот објект, додека учениците од училиштето во Пчиња имаат пристап до тоалет и до вода.

Наташа Доковска, информираше дека заедно со Институтот за јавно здравје го спроведуваат проектот за имплементација односно самопроценка на вода и пристап до вода и сантиација во три општини во Македонија, Скопје, Куманово и Велес.

– Додека течеше процесот на самопроценка дојдовме до одредени резултати кои што во некои делови се обесхрабрувачки и сакаме да ги предизвикаме сите општествени чинители да видат во какви услови нашите деца одат на училиште, во какви услови учат, кои се причините за честите уринарни заболувања, на која начин ја спроведуваме, односно се насочуваме да почнеме да го почитуваме или спроведуваме протоколот за вода и здравје на ОН, кој што се надеваме дека во скоро време ќе биде ратификуван и од страна на Македонија и еве ја користам приликата да ги повикам сите институции да дадат придонес во забрзано ратификување на овој протокол кој што има за цел да го следи односно да се следи повеќе здравјето и водата на сите граѓани на Македонија, изјави Доковска. 

Проф.др. Михаил Кочубовски објасни дека целта е да се утврди состојбата со водоснабдувањето, квалитетот на водата за пиење не само во урбаните туку и руралните средини, училиштата и здравствени установи, старски домови сите јавни објекти.

– Во протоколот за вода и здравје има програма која ја викаме ВОШ Вода санитација и хигиена за училишта и таа е многу важна, бидејќи тука се децата кои се ранлива категеорија и за нив е неопходно да пијат безбедна вода за пиење и да имаат добри услови да одат во тоалет, за да се спречат евентуални заразни болести. Ако имаат добра санитација, хигиена децата ќе пијат и редовно вода што е многу важно, изјави Кочубовски.

Специјалистот по хигиената, Мимоза Величковски, од кумановскиот Центар за јавно здравје, изјави дека проценката е направена во целиот североисточен регион и дека резултатите укажуваат на нееднаков пристап до вода и санитески услови во урабните и руралните средини

– И овие села каде што со многу малку финансиски вложувања може да се постигне многу во подобрување на тој пристап до вода и санитација за училишната популација, изјави Величковски.

Одделенскиот наставник, од училиштето од Студена Бара, Мирослав Доневски, вели дека условите во ова училиште се задоволителни, но дека е потребен нов тоалет за учениците.

Извор: МИА