Заврши поставувањето на кровната конструкција на училишна спортска сала која се гради во близина на кумановското средно училиште „Наце Буѓони“.

Изградбата на спортската сала е инвестиција на Владата која се реализира преку Министерството за образование и наука со поддршка на општина Куманово.

Според најавите се очекува наскоро, до крајот на ова учебна година, учениците од средното училиште да ја користат салата во чија блиизна се наоѓа и атлетското игралиште.

Приближно 2.000 ученици од паралелките кои следат настава на македонски и албански наставен јазик од ова средно училиште, првпат по шест децении. ќе добијат спортска сала.

Изминатиов период во Куманово со средствата на Владата беа изградени и пуштени во употреба две спортски сали, во средното стручно училиште „Перо Наков“, каде наставата се изведува на албански наставен јазик како и спортската сала во основното „Јероним де Рада“ во кумановското село Черкези.
МИА