Училишен прибор украден од училиште во кумановско

Сподели со своите пријатели

Непознат сторител вчера украл училиштен прибор од ООУ „Браќа Рибар“ во кумановското село сопот.

Loading...

– На 30.08.2021 година во 10.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека во ОУ„Браќа Рибар“ во село Сопот непознат сторител влегол со употреба на подесен предмет и одзел училишен прибор, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски