УЧЕТЕ ОД АЈНШТАЈН: Успешните луѓе секое утро си го поставуваат ова прашање

Сподели со своите пријатели

Старата поговорка вели дека по утрото денот се познава, а научниците се сложуваат. Каков ќе ни биде денот зависи од одговорот на само едно прашање кое си го поставуваме секое утро.

– Дали светот во кој живеам е добар или лош?

Оваа метода наводно ја применувал и познатиот физичар Алберт Ајнштајн.

 

Loading...

 

-Позитивни мисли за повеќе енергија и среќа

Експертот за позитивно мислење Реме Сасон укажува на тоа дека позитивнит емисли внесуваат светлина во начинот на кој го доживуваме светот, ни дава енергија и допринесува да се чувствуваме посрени. Затоа одговорот на ова прашање „Дали светот во кој живееме е добар или лош“, секогаш треба да биде позитивен.

– Благодарение на позитивните мисли, посмирено реагираме на непредвидливи работи. Спровитно на тоа, лошите мисли предизвикуваат несреќни чувства и негативност, а тоа е патот кон неуспех, фрустрација и разочарување. Со позитивен став непредвидените ситуации како сообраќаен метеж, дупната гума или заборавен паричник, ќе изгледаат помалку пострашни, вели овој експерт.

 

 

Делува стимулативно на мозокот

Постои уште еден аргумент како позитивните утрински ставови може да влијаат врз денот. Сузан Рејолд, коавторка на книгата „Тренирајте го умот за да биде среќен“ објаснува:

– Чувството на радост многу стимулативно делува на мозокот, кој реагира така што дополнително ја зголемува радоста. Со други зборови, доколку со позитивни мисли ни тргне денот, повеќе радости ќе ни се вратат, вели таа.

И студијата на авторот и експерт за медиуми Томас Корлеј ја потврдува тезата. Тој анализирал животи на 223 милионери за пет години. Неговиот заклучок е дека успехот на милионерите зависи од нивниот највреден „имот“, а тоа е нивниот позитивен ментален склоп.

Со позитивен став до успех

Истражување на познатата клиника „Мајо“ покажува дека позитивниот став благотворно делува и врз здравјето. Меѓу овие луѓе има и помалку заболени од депресија и кардиоваскуларни заболувања. Освен тоа, таквите луѓе полесно успеваат да се изборат со стресот.

 

Loading...

 

Да се вратиме на Ајнштајн. 

Разграничувањето на доброто и злото често се наведува како тема за која познатиот гениј сакал да полемизира, а како една од неговите изреки останала следната:

– Најважното човеково тежниение е тежнението за моралноста во нашето дејствување. Нашта внатрешна рамнотежа, дури и нашата егзистенција зависи од тоа. Единствено моралноста во нашето делување може да даде убавина и достоинство во нашиот живот.