Учесниците на првиот Меѓународен фолклорен фестивал во Куманово засадија дрво (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Членовите на фолклорните друштва од Македонија, Србија, БиХ, Бугарија и Колумбија кои се дел од тридневниот фолклорен фестивал во Куманово, денеска остварија средба со градоначалникот Максим Димитриевски кој организираше свечен прием.

Loading...

На средбата меѓусебно подобро се запознаа, но и разменија пригодни подароци.

Како што рече Димитриевски, чест и задоволство е да се организира ваков фестивал и најави можност истиот да стане традиција во годините кои следуваат.

– Се надевам дека ќе успееме следната година повторно да организираме ваков фестивал, а овој кој го организираме да го проследи публиката. Ги повикувам кумановци во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ вечерва да ни се придружат, а секако и утре на завршната вечер од фестивалот. Овој фестивал има ревијален карактер, но за нас значи затоа што продолжуваме да негуваме нешто, а тоа е традицијата во нашиот град, рече Димитриевски.

Loading...

По денешниот свечен прием учесниците заедно со Димитриевски на градскиот плоштад пред НУЦК „Трајко Прокопиев“ засадија и дрво како симбол на фестивалот.

Инаку фестивалот продолжува вечерва со почеток во 19:30 часот, а влезот е слободен.

Leave a Reply