Ученик со нож избодел професорка во Германија

Сподели со своите пријатели

17-годишен ученик денеска со нож избоде наставничка во училиште во Ибенбирен, Германија, која почина како последица на нападот.

Loading...

Според истрагата, младото момче нешто пред три попладне тргнало да ја бара наставничката во училишната зграда, соопштија од полицијата и обвинителството во Минстер.

„Во тој момент таа била сама во училницата“, пренесува Билд.

Осомничениот потоа со нож ја нападнал професорката и ја убил.

После тоа, тој самиот повикал полиција, која дошла и го привела.

При апсењето не пружал отпор.

Сѐ уште не е познат мотивот за убиството.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полскиот премиер: Ако видите германски војници, не паничете. Дојдоа да помогнат