Ученик од Алгуња натепан од врсници

Сподели со своите пријатели

Ученик од основно училиште од село Алгуња во Општина Старо Нагоричане бил натепан од негови соврсници.

– На 19.02.2026 во 15:50 часот во СВР Куманово, Д.В.(42) од с.Алгуња, општина Старо Нагоричане пријавил дека во основно училиште во општина Старо Нагоричане, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници од истото училиште, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ракометарите на Куманово денеска против Еурофарм Пелистер