-„Средношколско – Ученичка Асоцијација за Реформи во Образованието“ (СУАРО) или едноставно „Средношколска Асоцијација“ е иницијатива за организација т.е. иницијатива за еден вид на средношколско организирање кое што ќе ги претставува средношколците.
Првобитно ќе бара да бидат вклучени во сите видови реформи кои што ги засегаат со свои предлози, барања, проекти, иницијативи, а втората основна цел е претставување на нивните права,слободи,формирање и демократизација на Училишни Парламенти,зајакнување на нивните капацитети,неформално образование,поттикнување на средношколски,ученички и младински активизам,изготвување на средношколски проекти,промоција на создавачки вредности и културен живот,афирмација на средношколски и млади научници и уметници,зголемување на продуктивноста и интересите на средношколците.
Кои се целите на оваа средношколска асоцијација која потекнува од учениците на СОУ „Перо Наков“ од Куманово, но и значењето на средношколскиот механизам во продолжение ни раскажува Николај Павловски.
Оваа иницијатива потекнува од мене лично и од уште неколкумина ученици од моето училиште СОУ„Перо Наков“ во Куманово, кои што се од прва,втора и трета година (оние што се четврта можат исто така да се вклучат, но бидејќи завршуваат и се матуранти, делуваат незаинтересирано за таквите иницијативи,но се разбира,мислам и се надевам дека постои интерес и кај некои од нив за приклучување во ова наше организирање со свои идеи и предлози Се надевам, затоа што сепак и тие се уште се средношколци и секое мислење е добредојдено и корисно за нас. Тие што ми се приклучија кога слушнаа за оваа идеја заеднички застанаа со истата цел – да формираме еден тип на организација која што ќе ги претставува интересите и правата на сите средношколци и заеднички почнавме да ја основаме и структуираме Асоцијацијата.
Тој процес се уште трае и ќе трае се додека не ги опфатиме сите средни училишта во Република Македонија и додека не се одржи Генерално Собрание на кое ќе бидат изберени членовите на Управен Одбор и Надзорен Одбор. Се разбира дека во ова учествуваат и дел од професорите, но не како организатори на истото, туку тие едноставно учествуваат со своипредлози,идеи,мислења, совети,бидејќи имаат повеќе искуство и знаење, а нормално во голем број партиципираат и нашите родители. Секој што би сакал да помогне додека трае овој процес може да се приклучи и да помогне.Се разбира на нас средношколците останува да ги разгледаме истите тие идеи,предлози,барања и да одлучиме што е добро за нас и дали ќе ги прифатиме.

Асоцијацијата моментално е профункционирана единствено на ниво на нашето училиште, бидејќи е нова идеја и пред многу малку време се собравме. Поминаа само две недели од привиот состанок и таа до сега брои 38 членови кои што ја започнуваат целата оваа работа, значи по двајца членови средношколци се вклучија од секој клас во училиштето од прва до трета година вклучувајќи ја и неа. За тие две недели изработивме и предлог Статут за СУАРО по кој што сега се водиме, а официјално дали ќе биде тој, ќе се потврди на Генералното Собрание. Сигурно ќе треба да претрпи измени во некои делови и дополнувања,но тоа што го напишавме, го напишавме за многу краток рок и затоа можеби и не можевме подобро.
Од оваа недела работни групи кои што ги сочинуваат по четири членови од сегашната бројка почнуваат да одат и по другите средни општински училишта,а веќе од следната недела е во план да се оди по училиштата во другите општини и Градот Скопје.На ниво на училиште на претходниот состанок,поточно во петок, 01.12.2017 се избра Училишниот тим кој го сочинуваат -Координатор:Бранислав Спасовски од втора година II-6 -Заменик Координатор:Ненад Вукановски од трета година III-5 и -Записничар:Анастасија Мицевска од прва година I-3
Јас сум еден од тие членови кој што бил во Средношколскиот Пленум и уште една ученичка која што сега е четврта година, која што беше исто така дел од Средношколскиот Пленум, но таа не приклучена како член и помага во формирањето. Во Асоцијацијата може да бидат членови сите средношколци кои сакаат и имаат желба, волја и ентузијазам да бидат дел од неа ,значи секој што има статус на редовен ученик средношколец може да се приклучи доброволно и самоиницијативно да учествува, а бројот на членови се разбира дека е неограничен.
Доколку зборуваме за тоа дали асоцијацијата ќе биде регистрирана, се,уште постои дилема и размислување по тоа прашање. Имаме три можности:
-Првата е да бидеме регулирани со законска рамка т.е. законски во рамките на МОН и Закон за Средно Образование,но тука се јавува проблемот со тоа дека не може прецизно да биде напишано во закон дека оваа Асоцијација треба и мора да постои
-Втората е да се регистрираме во Централен Регистар на Република Македонија (ЦРМ) како невладина организација и да бидеме дел од невладиниот сектор,но и по ова прашање се јавува проблем затоа што треба пет лица-основачи кои се полнолетни,а и оние кои сакаат да бидат членови мора да имаат наполнето 18 години,а 75 % од средношколците се малолетни и
-Третата можност е да функционираме онака како што функционираше Средношколскиот Пленум, нерегистрирано, бидејќи така ќе бидат задоволени сите услови, а и мислам дека така ќе имаме многу подобро средношколско организирање, секако овојпат со своја организациска структура и трајно постоење, со тоа што како ќе доаѓаат следните генерации ќе се вклучуваат и ќе ги продолжуваат активностите.
Јас се уште стојам на мојот став дека на Средношколскиот Пленум му беше потребно преструктуирање затоа што се покажа дека на таков начин не може многу добро да функционира.Сепак Пленумот мислам дека е нешто најдобро кое што им се има случено на средношколците воопшто во историјата, затоа што тој претставува почеток на сите видови на средношколски организирања. Можеби сме имале и некои видови на организирања и пред него, но сепак сите тие контролирани со партиски стеги, а пленумот покажа дека средношколците нема молчешкум да ги прифаќаат работите кои им се наметнуваат и докажа дека во нашата држава размислуваат млади луѓе, подготвени и спосбни да се и се спротивстават на другите и да се изборат за своето право на глас.
Пленумот можам слободно да кажам дека повеќе, за жал, не постои или пак во најблага форма речено не е активен,затоа што тој функционира во кризни ситуации како онаа со екстерното тестирање и се надевам дека истата или некоја слична нема да се повтори. Сепак тоа не значи дека на нас не ни е потребно организирање туку напротив,затоа и ја формираме оваа Асоцијација.Секогаш се и треба да се стремиме кон подобрите и кон попросперитетните нешта. Асоцијацијата ќе ги продолжи сите заложби на Пленумот и заложбите на сите средношколци за подобро и поквалитетно образование, затоа што таа во основа е негов наследник, само под друго име и преструктуирана со основни раководни органи:Управен Одбор и Надзорен Одбор,помошни раководни органи:Локални тимови и Училишни тимови ,и на крајот нераководни тела:Средношколски Правобранител,негови заменици и негови претставници во сите општини на РМ и Град Скопје.
Пак ќе речам има повеќе причини зошто повеќе Пленумот не постои односно не е активен и зошто е потребна нова организација т.е.оваа Асоцијација. Првата е онаа дека тој функционира само во кризни ситуации во средношколскиот живот, втората причина е дека му беше потребно преструктуирање, а истото не се направи и третата причина е дека оние кои што го формираа, откако престанаа да бидат средношколци сметаа дека тие се,така да речам „татковци“ и „газди“ на истиот па со нивното заминување велеадека тој повеќе не постои и таа работа е завршена.З атоа оваа Асоцијација ќе продолжи да работи и да постои и по заминувањето на нас кои сме ја формирале, па како ќе доаѓаат новите ученици од секоја следна година ќе бидат вклучени . Сите наредни генерации ќе си имаат свои членови, а секое членство ќе престанува со завршување на четврта година и губење на статус на редовен ученик средношколец.Секоја година ќе се одржува Генерално Собрание во кое што секогаш ќе има различни претставници и секогаш ќе има нови членови на новите генерации на кое ќе се избираат нови членови на УО и НО и Средношколски Правобранител.


