Под насловот „Магија во кругот“ средношколците од СОУ „Перо Наков“ од Куманово вчеравечер одржаа модна ревија во Занаетчискиот дом.
Loading...
Станува збор за дел од наставната програма на училиштето – Учење преку работа, која беше промовирана од страна на учениците и нивните наставници.
Loading...
На културно – уметничкиот настан беа претставени модни креации, изложба на графики, облека и обувки, проткаени со музичка интерпретација.
На промоцијата присуствуваа претставници од општинските основни училишта и општината, кои имаа можност да се информираат за наставните методи и содржини во СОУ „Перо Наков” – Куманово, преку креативна модна ревија.
Loading...
Loading...
Loading...
Никола Ивановски