Учениците од ООУ „Толи Зордумис“ подарија велигденски јајца за најстарите сограѓани (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Учениците од македонска и албанската националност од Општинското основно училиште „Толи Зордумис“ заедно со своите наставници денес беа во поеста на корисниците на Домот за стари лица „Зафир Сајто“, каде однесоа украсни велигденски јајца.

 

Loading...

DSC_0053

Традиционално секоја година во училиштето изработуваме велигденски јајца и ги подаруваме на овој дом со цел да им го честитаме празникот на членовите на старачки дом и да им посакаме полесни, поздрави и попријатни денови од животот поминати тука – изјави Лилјана Милковска, наставничка од ООУ „Толи Зордумис“.

 

Со музичка приредба им го подобрија расположението на најстарите сограѓани во очи на еден од најголемите христијански празници Велигден.

Старите лица во домот ги обожаваат сите празници, ги негуваат сите христијански обележја кои го разубавуваат овој празник – изјави Росица Митевска, социјален работник во Домот за стари лица „Зафир Сајто“.

 

Учениците од прво до петто одделение со задоволство во текот на вчерашниот ден на часовите ги украсувале велигденските јајца.

DSC_0059

 

Loading...