Учениците од „Наце Буѓони“ со три први места од државен натпревар (фото)

Сподели со своите пријатели

Учениците од ОСТУ „Наце Буѓони“ освија три први места на Државен натпревар во својата струка, како и две втори, едно трето место и три пофалница.

 

Loading...

585

 

На Државен натпревар на учениците од средните училишта од машинска, електротехничка и сообраќајна струка од Република Македонија, кој се одржа по 35-ти пат во Струмица.

 

1525

 

На натпреварот учествуваа 24 стручни училишта од машинска, електротехничка и сообраќајна струка. Комисиите беа составени од стручни лица и Универзитетски професори. Овој натпревар е од најголемо значење за стручните училишта каде нашите ученици ќе го споредат своето знаење со нивните врсници од други училишта.

 

665

Loading...

 

Никола Милановски – I место со изработен труд од машинска струка

Ангела Анчевска – I место со изработен труд од машинска струка

Ангел Јовановски – I место во теоретско знаење од електротехнчка струка

Александар Стоилковски – II место во теоретско знаење од машинска струка

Зоран Пешевски – II место во теоретско знаење од машинска струка

Мердина Нухија – III место во теоретско знаење од машинска струка

Филип Петровски – со пофалница за изработен труд од електротехничка струка

Дарко Антонијевски – со пофалница за изработен труд од електротехничка струка

Марија Спасовска со пофалница за теоретско знаење од електротехничка струка

Како и секоја година така и оваа го одбранивме нашиот квалитет и знаење, каде што застанавме рамо до рамо меѓу најдобрите три технички училишта во државата. Нашите професори ќе продолжат напорно да работат со учениците бидејќи ни предстојат уште поголеми предизвици во иднината – велат менторите.