Учениците денес се враќаат на настава, продолжениот распуст ќе се одработи

Сподели со своите пријатели

Учениците од основните и средните училишта од денес се враќаат на настава за почетокот на второто полугоедие од учебната 2016-2017 година.

Од Министерството за образование и наука претходно распустот кој требаше првично да трае до 18ти јануари го продолжија за два дополнителни денови на препорака на Министерството за здравство за да се спречи ширење на грип меѓу учениците.

Двата дополнителни дена распуст според најавите ќе се одработат во саботи во март и април за да се исполни вкупниот фонд од 180 наставни денови во учебната година.

 

Loading...