Ученици од Владивосток последниот ден на училиште го минаа полуголи (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ученици од Владивосток се најдоа во сите светски медиуми кога оваа недела за својата матурска забава ја избрале BDSM темата.

Loading...

Забавата на која биле повеќе голи отколку облечени, им довела полиција, а ги налутила и нивните наставници, но и врсниците.

Руските матуранти ги шокирале и своите наставници и целиот град кога на својот последен ден од училиштето девојчињата се облекле како плеј-бој зајачици и полицајки, додека момчињата дошле ви искинати панталони, без маици, само со лепливи ленти преку брадавиците.

Фотографиите и снимките од нивната забава доспеале на интернет. На некои скокаат и пејат претежно во холот на училиштето, додека еден од дргарите ги прска со противпожарен апарат.

Директорката на училиштето Галина Пугина рекла дека ништо не знаела за планот на децата и дека вака ќе се облечат во BDSM стил. Иако родителите застанале на страната на директорката, таа си поднела оставка.

– Учениците подоцна дојдоа до мене со родителите и се извинија за своето однесување. Не сфатија колку е погрешно тоа што го прават и каков срам нанесуваат на училиштето. Не мислеле за последиците, рекла директорката.

По матурската забава која може да се оцени како скандалозна, и одраз на непочитување на училиштето како институција и наставниците, против двајца тинејџери е поднесена пријава за недозволено носење униформа. Во прашање се ученици од 11 одделение, односно на возраст од 17 години.

Против нив се поднесени пријави за недостолено носење униформи со ознаки на институции, воени организации, органи на редот или со државни симболи.

Loading...

Фото: Printscreen Youtube/DНОВОСТИ Official

Leave a Reply