Ученици од СОУ „Перо Наков“ ќе бидат дел од „Access“ програмата (фото)

Сподели со своите пријатели

Во просториите на Општина Куманово, денеска беше потпишан меморандум за соработка помеѓу Средното општинско училиште „Перо Наков“ и Македонскиот центар за граѓанско образование кој во претстојниот период ќе донесе неколку значајни проекти во кои ќе учествуваат средношколците.

Негде околу две години ќе трае процесот на воншколски активности, едукација на англиски подржано од грашанското образование, училницата ќе биде опремена, ќе имаме професори кои ова ќе гос проведуваат и ќе бидат плаќани од Центарот за граѓанско образование. Ќе имаме настава во природа, екскурзии и меѓусебни дружења и на некој начин ја потикнуваме дружбата помеѓу различни верски заедници и ствараме едно граѓанско општество – рече Зоран Дамјановски, градоначалник на Општина Куманово.

Програмата е поддржана и од Амбасадата на САД, а истата ќе се спроведува на англиски јазик, а дел од неа ќе бидат вкупно 25 ученици.

Како претставник на училиштето морам да кажам дека сме презадоволни, а тоа произлегува од фактот што сме второ училиште во Македонија што ќе го имплементира проектот. Ќе бидат вклучени наши професори кои ќе држат настава по англиски јазик и 25 ученици од различни етникуми, што значи дека ќе има можност и за дружење, соработка и учење – изјави Лидија Тасевска, директор на СОУ „Перо Наков“.

14139466_521755811367131_1883837133_o

 

Предавањата ќе се држат во училишната библиотека која дополнително ќе биде опремена со современи надгледни средства од страна на Македонскиот центар за граѓанско образование.

Аксес програмата е програма која што веќе втора година се имплементира во Македонија, програмата е подржана од американската амбасада и од Стејт Департментот во Скопје и ја спроведува Македонскиот центар за граѓанско образование. Програмата е наменета за изучување на англискиот јазик, американската култура и обичаи и традиции преку еден некласичен начин со изучување на програмата – рече Маја Костова од МЦГО.

До сега ваквата програма била спроведена во велешката гимназија од каде, како што истакна Костова учениците добиле огромно ново знаење преку активностите, но и предавањата од страна на гостите кои доаѓале од Америка.