Ученичка од Куманово нападната од свои соученици

Сподели со своите пријатели

Триесет и тригодишна кумановка пријавила дека нејзината ќерка била физички нападната од нејзини соученици.

– На 03.03.2026 во 12:45 часот во СВР Куманово, М.С.(33) од с. Доброшане, кумановско, пријави дека на 27.02.2026 околу 13:30 часот во основно општинско училиште во Куманово, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од нејзини соученици, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец се заканувал на своите мајка и брат