Убиваат повеќе луѓе за година дена, отколку морските кучиња за десет години

Сподели со своите пријатели

Агресивен вид на стршлени ги доживува своите најдобри денови, а се благодарение на климатските промени. Осумдесетгодишна жена од Јапонија во инвалидска количка починала по 150 убоди од џиновски стршлени, објавуваат локалните власти.

Пример за напад

Последниот случај се случи во Јапонија.

Рој стрпшелни спречил негователка да помогне на нападната жена, а не можела да ја спаси ниту екипа од итната помош затоа што со себе немале заштитна опрема. Жената била превезена во болница 50 минути откако била касната од стршлените, а следниот ден е прогласена за почината.

Околу 20 лица секоја година умираат во Јапонија поради напад на стршлени, објавуваат тамошните медиуми.

Ова ќе ве спаси од болката ако ве касне оса, пчела или стршлен

Се размножуваат загрижувачки бргу

Азискиот џиновски стршлен е најголемиот вид стршлени во светот, а имаат големина како врабец со портокалова глава, црно тело и бодеж од шест милиметри. Не е новитет во животинскиот свет и веќе долго ги населува подрачјата на Блискиот исток, од Русија и Индија до Шри Ланка, Кина и Јапонија. Меѓутоа, она што е новитет е брзината на разможувањето и осптанокот.

Се потоплите зими овозможуваат на матиците преживување подолго отколку што природата неменила, а се поголемиот број гнезда претставува вистинска опасност, како за пчелите, така и за луѓето, се сложуваат научниците.

Стршените ќе го нападнат човекот и ќе се приближат до неговото живеалиште, посебно во текот на летото кога се најактивни и веќе вознемирени.

Меѓутоа, јавноста не ја перципира реалната опасност која доаѓа од нив, па додека сите се плашат од морските кучиња, ретко кој е свесен дека стршленот во една година убива повеќе луѓе во светото, отколку морските кучиња за 10 години.

Секоја година, околу педесетина луѓе подлегнале на нивниот убод во северозападнито дел на Кина, а тој број е во постојан пораст, поради ширење на гнездата и приближување до градовите.

Сигурна заштита нема, освен евентуално безбедносни одела.

– Проблем кај азиските стршлени се нивната големина и количина на отровот, вели ентомологот Лин Кимсеј.

По каснувањето, ткивото станува црно и може да дојде до некроза, ако отровот веќе до тогаш не ве убил.

Колку е силен отровот докажува и случајот во кој жена останала парализирана по бројни каснувања кои ги добила додека работела во поле.

Два дена минала на дијализа која и го спасила животот со исфрлање на отровот од огранизмот.