Убиени 40 украински војници и 10 цивили (ВОЗНЕМИРУВАЧКО)

Сподели со своите пријатели

Според последните податоци на Претседателството на Украина, објавени од АФП, во нападот што утринава започна во Русија загинаа повеќе од 40 украински војници и 10 цивили.

 

 

Како што изјави советникот на украинскиот претседател Олексиј Арестович, неколку десетици луѓе се повредени.

Претседателот Зеленски рече дека властите ќе им дадат оружје на сите граѓани кои ќе го побараат.

 

 

Тој најави и дека Украина ги прекинува сите дипломатски односи со Русија.

Руската војска соопшти дека „сепаратистите поддржани од Москва напредуваа во источна Украина“. Велат дека „цивилите не треба да се плашат“.

Во меѓувреме, Литванија прогласи вонредна состојба, а Молдавија го затвори својот воздушен простор.