Убиена сопругата на коосновачот на Хамас

Сподели со своите пријатели

Медиумите јавуваат дека Џамила ал-Шанти, вдовицата на ко-основачот на Хамас, била убиена во израелски воздушен напад.

Таа е и првата жена што е избрана на политичка функција во таа организација.

Во извештаите не се наведуваат детали за локацијата на ударот, само се наведува дека нападот се случил во зори.

Loading...

Во 2021 година, Ал-Шанти стана првата жена избрана во политичкото биро на Хамас, неговото највисоко тело за одлучување.

Нејзиниот сопруг Абдел Азиз ал-Рантиси беше убиен во 2004 година во израелски воздушен напад за време на Втората интифада.