Убиен рускиот генерал Кутузов

Сподели со своите пријатели

Рускиот генерал Роман Кутузов е убиен во источна Украина, изјави во неделата новинар на руски државен медиум.

Loading...

Ова дополнително го прошири списокот на високи офицери на руската армија кои загинаа во војната во Украина.

Во извештајот објавен на Телеграм од новинарот на државната телевизија Александар Сладков не е прецизирано кога и каде е убиен генерал-мајор Роман Кутузов.

Руското Министерство за одбрана сѐ уште не ја коментира оваа информација.

Русија ги класифицира воените смртни случаи како државна тајна, дури и во мирнодопски услови.

Русија не објави никакви нови официјални податоци од 25 март, кога објави дека во Украина се убиени 1.351 руски војник, пренесува Ројтерс.

Во претходниот извештај на Министерството за одбрана на Велика Британија се наведува дека Русија претрпела огромни загуби на офицери од понизок ранг во Украина.

Според досега потврдените податоци, во Украина се убиени најмалку пет руски генерали. Освен тој број, сѐ уште не се потврдени украинските тврдења за смртта на тројца генерали.

Loading...