Убиен руски политичар во морничава експлозија. Командувал со нападите врз Мариупол!

Сподели со своите пријатели

Во силна експлозија што се случи на 28 мај во рускиот град Ставропол, загина Заур Гурциев, заменик-градоначалник и учесник во руската воена операција против Украина.

Loading...

Гувернерот на Ставропол, Владимир Владимиров, ја потврди смртта на Гурциев, нарекувајќи го „инцидент што се случил во текот на ноќта на улицата Чехов“, но не даде дополнителни детали за самиот инцидент.

Истражниот комитет на Русија објави дека на местото на експлозијата се пронајдени тела на двајца мажи со повеќекратни повреди.

Голем број руски канали на Телеграм го идентификуваа Гурциев како една од жртвите и објавија, како што тврдат, видео од самата експлозија, објавува „Киев Индепендент“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украински дронови оштетија болница и куќи во Курск (ВИДЕО)

 

 

Заур Гурциев беше дел од програмата на Путин „Време на херои“, а според официјалната веб-страница на проектот, во 2022 година командувал со руските воздушни напади за време на опсадата и заземањето на украинскиот град Мариупол.

Loading...