Убиец избегал со деца откако пукал во полицајци, заложничка драма во Австралија

Сподели со своите пријатели

Двајца полицајци се убиени, а еден е ранет во пукотница што се случила утрово во Австралија во Порепунка, на околу 300 километри од Мелбурн.

Loading...

Осомничениот за убиство наводно е во бегство со децата.

Полицијата дошла да изврши претрес на куќа во вторник наутро, кога маж – за кој се верува дека е поддржувач на движењето за суверени граѓани – отворил оган врз нив.

Според првичните информации, двајца детективи починале на лице место, додека третиот полицаец бил префрлен во болница. Сè уште не е познато колку се сериозни неговите повреди.

Напаѓачот успеал да избега и по него е започната обемна полициска потера.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Повеќето Французи би сакале федерална држава

Според полициски извори, напаѓачот избегал од имотот со членови на неговото семејство, вклучувајќи ги и децата.

Наводно, полицијата успеала да го опколи во блиската шума, но нема информации дека бил совладан.

На граѓаните им било наредено да останат во своите домови и да ја избегнуваат областа.

Loading...

Се верува дека осомничениот е самопрогласен „суверен граѓанин“ – член на движење чии следбеници го отфрлаат авторитетот на државата, законите и даноците и не ги признаваат полицијата и судовите како легитимни институции.

Пукањето се случило во близина на основното училиште, кое сега е заклучено, објавува Телеграф.