Полицијата во полскиот главен град Варшава уапси маж осуден за убиство, кој дваесет години е во бегство, бидејќи не носел маска во продавница.
Loading...
Ова во вторникот за агенцијата Франс прес го потврдила портпаролката на локалната полиција, која изненадено ја примила веста за апсењето.
– Човекот е приведен од полицијата во областа Биелани бидејќи не носел маска – истакна Елвира Козловска.
45-годишен маж е приведен и треба да одлежи 25-годишна затворска казна.
Козловска одби да каже за какво убиство се работи.