Убавината во Куманово не се создава на сила

Сподели со своите пријатели

Пред многу години наназад во моето родно Куманово секогаш шетајќи се по сите улици, поминувајќи покрај инситуциите, самите згради кои се дел од урбаните населби во Куманово и сите они скромни куќи на моите сограѓани, ги скенирав и создавав мои виртуелни планови како да ги покријам и освежам сивоста која ја пренесува секој објект.

Loading...

Сакав да дадам живот на нешто што секој случаен минувач ќе го привлече и ќе му остави убав впечаток за почеток на работниот или училишниот ден. Таа детска идеја ја зацртав како проект кој еден ден ќе излезе на виделина и ќе остави голем траг за моето Куманово.

Почнав сам, се приклучи мојот прв круг на луѓе, се приклучи екипата кое сега го носи името ,,Форма Куманово’’, се приклучија многу истомисленици кои дозволуваа и дозволуваа да се исцртаат многу фасади низ градот. Нашите апетити растеа од ден на ден од година во година, се качуваве скалило по скалило, на оваа идеја се приклучи и локалната навивачка група, многу организации, локалната бизнис заедница.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Сите сплотени да продолжиме да чекориме по патот на нашите револуционери

Дојдовме до онаа што денеска Куманово го носи на еден голем пат во поглед на таа култура, сега нашите цртежи достигнуваат и повеќе од 20 м по висина, сега имаме настан кој нашиот град го става на мапа меѓу сите европски градови од графити и мурали сцената. На наша идеја се приклучија и самите артисти од многуте држави кои ни гостуваат секоја година се повеќе и повеќе.

Направивме Куманово да бидне посетувано од помладите генерации како една галерија под отворено небо. Сите заедно се сплотивме достигнавме нешто што самите граѓани не препознаваат и ни даваат енергија за нови достигнувања. На идејата која ја зацртав уште од раните 2000 ти, пред неколку дена се појави нешто што сите го стааваа во исти ‘’кош’’ тоа нашето, со нивното црвено бело. На неколку локации низ градот преку ноќ се создаваа некакви графити, цртежи кои не целосно  го менуваа ликот на зградите, кои наликуваат на се, само не на нешто убаво. Гаражи во приватна сопственост, објекти во државна сопственост, боја по асфалт расфрлана, по трева се тоа исцртано и префарбано само не како што доликува на еден свет кој создава култура.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Косматац – Кумановско село кое го основале Черкезите

Не навлагам во тоа каква порака пренесуваат во позадина, само го гледам тоа што секој обичен минувач по улица ќе го погледне, ќе му внесе негативна енергија и ќе го стави во паралела со нас кои сакаме да создадеме нешто убаво, кое ќе создаде култура за општеството во кое живееме и припаѓаме.

Од како беа создадени овие потези на одредена група, добив повици од многу граѓани, некои се дел од институциите, од сопственоста на приватните згради, гаражи самите побараа решение за ѕидовите и самите инсистираат на нешто што сакаат ние да го реализираме.

После сите тие обвинување спрема нас, тие што созадаваме и цртаме по ѕидови, граѓаните на Куманово сфатија дека ние сме решението за надминувања на таквите проблеми кој е создаден од самопрогласени величини, со што ќе покажеме дека убавинта не се создава на сила.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 1.100 ученици во Куманово бесплатно пливаат на затворениот Градски базен (ФОТО)

Пишува: Младен Трендевски